Скопската екипа го контролираше резултатот во првото полувреме во Гевгелија, но со фуриозна трета четвртина домаќините го покажаа својот квалитет, за конечните 90:76 (15:23, 21:25, 35:12, 19:16).
Хортон од ТФТ беше најдобар стрелец на мечот со 23 поени, а Пајиќ беше најдобриот стрелец кај домаќините со 18 поени. Кожув има 7/7 на 5-та позиција на табелата, пред составот од Тафталиџе со 8/4.
