Составот од Гевгелија славеше против Гостивар, со 75:81 и се ревитализира по поразот од Академија ФМП на домашен терен, во претходната рунда. Со скор 8/9, екипата од нашиот најтопол кошаркарски град е на 6-та, последната позиција што води во Суперлигата по крајот на регуларниот дел од сезоната.
Академците не се шегуваат во намерата да се пласираат во Суперлигата, во нивната прва прволигашка сезона. Последен совладан ривал беше екипата на Вардар, со 78:63 за второ место на табелата, со 10/8. Натпреварите Црн Дрим – Работнички, односно Еуро Никел – МЗТ Скопје Аеродром, се одложени.
