ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кожув го положи поправниот во „Јане Сандански“

Кожув го положи поправниот во „Јане Сандански“

сподели
фото: КФСМ

По минатомесечниот несреќен пораз против актуелниот шампион, гевгелискиот прволигаш не дозволи уште едно непријатно изненадување во Аеродром. Лесно излезе на крај со вториот тим на МЗТ Скопје, совладувајќи го со 78:101 за добра најава за големото дерби против Гостивар на домашен терен во следното коло.

Пејн повторно беше лидер на екипата на Кожув, постигна 25 поени, 8 асистенции и 6 скока, за вкупен индекс 32. Еден поен повеќе постигна повратникот во тимот на МЗТ 2, Љубиша Димитровски кој во првиот дел од сезоната играше за актуелниот шампион.