ПОЧЕТНА ЕВРОПА Кош на три секунди пред крај и титула за Басконија

Кош на три секунди пред крај и титула за Басконија

сподели

По пауза од десет години, баскиската кошаркарска гордост е шампион на Шпанија во најчудната сезона во АЦБ лигата, резултат на пандемијата со корона вирусот.

Во финалниот меч Басконија ја совлада Барселона со 69:67, благодарение на кошот на Лука Вилдоса на три секунди пред крајот. Клучна улога имаше Акиле Полонара кој пррво постигна тројка, а потоа асистираше до Вилдоса за победничкиот кош.

Барселона водеше во поголем дел од натпреварот, во втората четвртина и со девет поени разлика, но ја загуби самодовербата на почетокот од третиот период кога Басконија почна да се враќа во игра и ја презеде доминацијата. Тотално потфрли Никола Миротиќ, најкорисниот играч во основниот дел од сезоната, кој за 25 поени постигна само осум поени со шут од игра 4/13 и индекс -1, а го немаше кога се одлучуваше победникот затоа што направи пет лични грешки.

Неговата лоша игра делумно ја покри Тома Ертел кој постигна 21 поен, но освен него и Хигинс, немаше друг расположен играч во тимот на Барса. За МВП на финалето беше прогласен Вилдоса кој постигна 17 поени и индекс 20.

За Басконија ова е четврта титула во клупската историја и прва по 2010 година кога, исто така, во финалето ја совлада Барселона. „Каталонците“ и по шест години не можат да го освојат шампионскиот трофеј. Не помогна ни дрим-тимот, предводен од Миротиќ.