ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КОНЕЧНА ОДЛУКА: Нема шампион на Македонија оваа сезона!

КОНЕЧНА ОДЛУКА: Нема шампион на Македонија оваа сезона!

сподели

МЗТ Скопје, но и ниеден друг клуб, нема да биде прогласен за првак за сезоната 2019/20 одлучи Управниот одбор на Кошаркарската федерација.

„По доставениот предлог до членовите на Управниот одбор и по спроведеното гласање од нивна страна, Управниот одбор на КФСМ со убедливо мнозинство донесе одлука за завршување на Првата лига во машка сениорска конкуренција да не се прогласи шампион за оваа натпреварувачка сезона, да нема испаѓање во понизок ранг на натпреварување и две екипи од Втората лига мажи да се промовираат во Првата лига за сезоната 2020/21“, се вели во официјалното соопштение од КФСМ.

МЗТ Скопје претходно достави предлог да се доигра првенството, без странски кошаркари, но клубовите, исто така со убедливо мнозинство, не го прифатија тоа.