ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Кој последен се смее(ше), од расните шутери?

Кој последен се смее(ше), од расните шутери?

сподели
FIBA

Да ги видиш во еден кадар на ТВ и да си коментатор, Уфук Сариџа и Стив Кер, а потоа да кажеш дека шутерска величина бил турскиот селектор, во најмала рака, со сета почит кон Турчинот кој беше (под)просечен играч, е кошаркарски ГРЕВ НАД СИТЕ ГРЕВОВИ!

Тоа му се случи на еден гаф-распеан-поетичен-што-голтнал-лента-за-повторување-на-имиња-и-се-друго-освен-кошаркарски-коментатор на една регионална телевизија што ја следиме и ние во Македонија, што не труе со кошарка-каква-што-таму-се-сфаќа, но тоа е друга тема.

Селекторот Александар Ѓорѓевиќ и асистентот Стив Кер се поздравија пред почетокот на мечот меѓу селекциите на Србија и САД, во кој Србите победија со 94:89. Тоа беше ракување и поздрав на две ВИСТИНСКИ кошаркарски легенди, не е важно кој победи, битно е дека ТОА СЕ ЛЕГЕНДИ!