Љубовта што траеше од 2018-та, односно со асистентска улога една година повеќе, прекина со раскин на соработката во интерес на двете страни, соопшти македонскиот шампион.
Ѓорѓи Кочов веќе не е тренер на тимот од Јансе Сандански, во кој се промовира како еден од моментално најдобрите, најенергичните и најработливите тренери во македонската кошарка.
Двете страни се согласија дека се потребни промени во тимот, со цел да биде остварена целта, а тоа е атак на двете домашни пехари, како и борба за највисок пласман во АБА2-лигата. Кочов на клупата на нашиот тим седна во април 2018 година на местото на Жељко Лукајиќ, откако неколку месеци претходно, во декември 2017 година, беше ангажиран како негов помошник. Тој ја освои шампионската титула во 2019 година, а беше морален шампион со МЗТ Скопје Аеродром и во 2020 година, кога беше прекинато првенството.
Нашиот клуб е горд што придонесе на македонската кошаркарска мапа да се појави млад и талентиран стручњак, кој во последниот циклус беше и дел од стручниот штаб на репрезентацијата. На Кочов му посакуваме се најдобро во кариерата, со надеж дека некогаш во иднина повторно ќе ни се вкрстат патиштата.
Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе ја предводи примвременото решение, асистентот Дарко Радуловиќ, до назначувањето на нов кормилар во стручниот штаб на штрковите.
