Тренерот на аеродромци беше позитивно изненаден од својата екипа, која славеше со преубедливи 55:96 против црногорскиот претставник Ловќен, од Цетиње:
„И јас сум малку изненаден од резултатот, ова е само втор меч во мојата кариера во МЗТ Скопје (првиот беше во финалето против Работнички), да одиграме одбрана на вакво ниво.
Мора да ги пофалам моите играчи, кои играа храбро и агресивно. Тоа беше клучот за ваквиот триумф.
Мора да ги пофалам и помошниците, кои одлично скаутираа, ги сопревме најдобрите играчи на противникот.“
