ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Додека седите дома, уживајте во ретро кошарка: Кочани-Орка 1997

(ВИДЕО) Додека седите дома, уживајте во ретро кошарка: Кочани-Орка 1997

сподели
Кочани Деликатес во сезоната 1993/94 имаше еден од најсилните состави во лигата. Четири години подоцна. тимот престана да постои

Ситуацијата со корона вирусот не принуди да останеме во своите домови, во очекување да се среди состојбата.

Времето не мора напразно да се троши, може да се искористи и за учење кошарка или гледање на некои натпревари од веќе подалечното минато. Поточно, од времето кога во Македонија беа полни салите на кошаркарските натпревари, без разлика дали станува за дуели од домашното првенство или европските купови.

Ова е натпреварот меѓу Кочани Деликатес и Орка од 1997 година. Тоа е сезоната кога тогашниот претседател на КСМ, Орце Камчев „влезе“ во тимот на Тиквеш и го преименува во Орка, засилувајќи го со македонските репрезентативци: Дејан Јовановски, браќата Боцевски, плус интернационалците Бурогс и Дак, а на клупата седна тогашниот селектор Заре Марковски.

Кочани Деликатес веќе беше во пад по најдобрите години на овој клуб во кои два пати играше финале од плеј-офот (1994 и 1995 година) и го освои пехарот во Купот на Македонија (1995). Во екипата и натаму имаше искусни играчи како Нешовиќ, Зивчевиќ, Бујуклиев, Лазаров итн., но веќе следната сезона клубот згасна.

Орка со големи амбиции ја почна сезоната, но ја заврши без трофеј. Во финалето од Купот, одигран во Кавадарци, на „луд“ начин, по продолжение загуби од Работнички откако во второто полувреме водеше и со 13 поени разлика, во оној меч во кој свое шоу имаше Горан Димитријевиќ. Во плеј-офот загуби од МЗТ Скопје во полуфиналната серија иако ја имаше предноста на домашниот терен.

SUBSCRIBE

https://www.youtube.com/channel/UCmUu1wGF6WxEI1DFyil_e7A?sub_confirmation=1&fbclid=IwAR1GzJKd9vWUPnnD0hfZ98XLsGNUlpfbHavkv0Lp7ry7SvaHr40Miqkdv2w