Македонската репрезентативка и член на екипата Бадел 1862 е избрана за МВП на колото во WABA лигата, што е огромна чест и достигнување за првата Македонка со ова индивидуално признание.
View this post on Instagram
Во 5-то коло, во победата кај Партизан со 70:73, Ивана Кметовска постави клупски рекорд со 31 поен (12/17 за 2, 7/11 за 1), зачинет со 14 скока, со две асистенции и со по една блокада и украдена топка.
НАПОМЕНА: Насловната фотографија е искористена со дозвола на WABA и Juznatribina.net.
