ПОЧЕТНА ЕВРОПА Клубот на Тони Паркер е сензацијата на првото коло

Клубот на Тони Паркер е сензацијата на првото коло

сподели
euroleague.net

Шампионот на Франција на спектакуларен начин го означи своето враќање во Евролигата, по долга пауза. Французите долго време чекаат стабилна екипа, а раководството на Евролига дури најави и „А“ лиценца за клубот под закрила на Паркер и ФК Олимпик Лион.

На домашен терен, АСВЕЛ го совлада Олимпијакос со 82:63 и тоа е прва победа на една француска екипа во елитното натпреварување по четири години. Џордан Тејлор и Лајти постигнаа по 16 поени. Кај Олимпијакос, Принтезис заврши со 15.