ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Клетва удри во АВ Охрид

Клетва удри во АВ Охрид

сподели
АВ Охрид сезонава требаше да ги брани боите на Македонија, но го снајде истата судбина како Блокотехна (фото: АВ Охрид)

Тимот што требаше да се бори за шампионската титула во домашното првенство и да учествува во БИБЛ лигата воопшто нема да ја почне сезоната бидејќи едноставно – престанува да постои.

АВ Охрид згаснува, информацијата ја објавија играчите од екипата, а официјалните причини ќе се знаат вечерва од 21 часот за кога е закажан состанок со раководството и стручниот штаб.

Охридскиот прволигаш имаше амбициозни планови за новата сезона, донесе нов тренер и речиси сосема го промени тимот ангажирајќи проверени и искусни кошаркари, дел од нив македонски репрезентативци. Клубот егзистираше три сезони, влезе во Првата лига, учествуваше и во АБА 2, а планот беше во новата натпреварувачка кампања да се бори за еден од трофеите.

Ова значи дека за само едно лето од македонската кошаркарска сцена исчезнаа два од трите приватни клуба во Првата лига. Блокотехна замина во историјата откако го освои трофејот во БИБЛ и играше во финалето од Купот, а ќе го нема и АВ Охрид чиј сопственик имаше високи амбиции.