ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КК Шкупи: Федерацијата да ја исправи грешката кон нас!

КК Шкупи: Федерацијата да ја исправи грешката кон нас!

сподели

Откако КФСМ официјално стави крај на сезоната без да прогласи шампион, а во исто време донесе одлука да ја прошири Првата лига на 12 екипи, со своја реакција се јави второлигашот Шкупи кој има свој предлог, односно барање.

„Шкупи бара да се врати се од почеток штом се поништува сезоната, а и се проширува лигата на 12 екипи бидејќи тоа значи дека неправедно, односно намерно лани се смали лигата од 12 на 10, само КК Шкупи да не остане во првата лига. Нам, како клуб ни беше дадена задача од КФСМ, да добиеме поддршка од Здружението на прволигаши, која потоа беше добиена и доставена до раководството. И покрај тоа, поради прицини кои уште не ги знаеме, беше донесена несфатлива одлука да се намали лигата.

Раководството на КК Шкупи бара да се испочитуваат сите клубови еднакво без делби, т.е. се бара враќање на нашиот клуб во Првата лига бидејќи сметаме дека ни е направена голема штета, како на клубот, така и на играчите, особено на младите, потоа спонзорите, како и на населението од тој дел од Скопје кое беше оневозможено да имаат тим во Првата лига.

Предлагаме проширување на првата лига во 16 екипи, по 15 кола да се формира Супер лига со првите 8 екипи кои ќе играат двокружно. Другите 8 би играле плеј-аут во кој право на настап ќе имаат само домашни играчи.

Втората лига ќе биде развојна, во неа ќе играат кошаркари од 17 до 22 години, тие ќе имаат поголема минутажа и ќе стекнуваат искуство и тоа ќе им претставува подготовка за настап во Првата лига. За постарите од 22 години, Федерацијата треба да организира лига на ветерани“, сметаат од КК Шкупи.