Комесарот за натпреварување при нашата кошаркарска федерација, изрече глоба за кавадаречката екипа, која додека траеше финалето на двапати ги коментираше судиските одлуки.
Еуро Никел ќе уплати 10.000 денари за „јавно коментирање на судењето“, на сметка на КФСМ. Санкцијата е изречена според член 56.9 од „Пропозиции за натпреварување“.
