МАКЕДОНИЈА

Кавадаречки брејк во Скопје, во дуелот на двата екс-владетела

фото: Архива

Прекрасната слика која ја креираат сезонава, играчите на Еуро Никел предводени од некогашниот виртуоз со топката, ја збогатија со триумф кај најтрофејната екипа во македонската кошарка, во витален момент од првенството.

Првиот полуфинален меч до две победи, меѓу Работнички и Еуро Никел заврши со 66:68, што е награда за резултатски неверојатната година која од овој комбиниран тим на клубот од тиквешијата, не ја очекуваа ниту најголемите симпатизери.

Кај победникот Рикиќ имаше 17 поени и со 13 скока, Мијатовиќ имаше 14 поени, Дубински постигна 12 поени. Бундовиќ имаше 21 поен, Аска 12, а Младеновски 10 кај домаќинот. Следниот дуел се игра на 28-ми мај во Гевгелија.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top