Екипата предводена од Горан Самарџиев потсетува на деновите кога Шуш го носеше дресот на истиот клуб, но со друго име, жнеејќи ги пехарите во нашите натпреварувања. Со чисти 2:0, по дополнителните минути во вториот меч кој заврши со 88:87 (74:74), Еуро Никел оди во финалето.
Иако играа во Гевгелија затоа што Јасмин е вакцинален пункт, разликат аво мотивите беше евидентна. Питс постигна 31 поен за поразените, Соколов имаше 18 поени за победникот. Кавадарчани презентираа тимска игра, против каква е најтешко да се парира во вакви натпревари.
