Трета победа во низа за Еуро Никел, втора по дополнителни минути против екипа од висок ранг, во битката за место во Суперлигата. Тимот на Горан Самарџиев славеше со 76:81 на гостувањето кај Кожув.
Први стрелеци беа Скот и Силаѓи од домашните редови, со 25 и 21 поен, но гостите имаа петмина двоцифрени во имињата на Рикиќ со 16, Караколев и Дубински по 15, односно Мијатовиќ и Соколов по 14.
