Еуро Никел не го дава местото кое со крв, пот и солзи го заслужи во текот на оваа сезона, покажувајќи дека во овој град се уште се негува овој прекрасен спорт. Кожув имаше шанса за голема победа на гости, но домаќините го имаа Рикиќ, кој постигна 29 поени во триумфот 84:75 (15:17, 20:17, 25:23, 24:28).
Една добра четвртина на екипата од Гевгелија беше премалку за да се бара победа во храмот Јасмин, против толку искусен тим како Еуро Никел. Кавадарчани се на втората позиција со 14 победи од 20 натпревари, зад битолски Пелистер со скор 15/4. Кожув е на 5-та позиција, со 9 победи и 12 порази во 21 одигран меч.
