МАКЕДОНИЈА

Кавадарчани имаа сили за 3,5 четвртини

фото: МЗТ Скопје Аеродром (Facebook)

Актуелниот македонски шампион е преголем залак за еккипата на Еуро Никел, која иако водеше во скоро три дела од вториот финален меч, сепак не успеа да изедначи на 1:1 и во Скопје ќе патува на дуел да се биде или не.

Металците го совладаа некогашниот првак со 91:95, откако додадоа гас при 79:79. Следуваше позитива од 7 поени, доволна за втор триумф во серијата до три победи. Рикиќ имаше 33 поени со 12 скока, целата прва петорка на домашните беше двоцифрена, но…

Бојан Крстевски на својот 31-ви роденден постигна 22 поена за победникот, Магдевски имаше два помалку. Поените од клупа беа во корист на гостите (6:32), исто како и поените по грешки на противникот (10:22) и поените од контри (11:27).

Следниот дуел, кој може да биде и последен, се игра на 6-ти јуни во арената „Јане Сандански“ во Скопје.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top