Баскет КАМ доминираше во македонските женски натпреварувања, по што сосема заслужено доби покана да биде дел од WABA лигата.
Ако ја прифатат подадената рака на регионалното првенство, челниците на тимот од Македонска Каменица ќе додадат голем плус во нашата женска кошарка.
Во силното споменато натпреварување членуваат екипи од Србија, Хрватска, Италија, Унгарија, Бугарија, Црна Гора, Романија и од Турција.
Во ова натпреварување веќе учествуваше годинешниот финалист и најтрофејна екипа во историјата на нашата женска кошарка, тимот на Бадел, но во младинска конкуренција.
