МАКЕДОНИЈА

Какви ни се шансите во Перм?

фото: FIBA

Еден од најсиксусните, односно лидерот на оваа комбинирана генерација во македонската А репрезентација, пред патувањето за Перм зборуваше за изгледите за пласман на ЕП.

„Непишано правило во спортот е дека секогаш кога се прават некои математики крајниот резултат никогаш не излегувал како што се посакува. Како и да е, ние од првиот натпревар со Италија, па се до оној со Естонија, ќе влеземе максимално подготвени.

Со сите ќе играме максимално, па здравје боже, ако добиеме еден од првите три натпревари тогаш можеме да направиме некои калкулации да бидеме поодморени, посвежи за тој натпревар со Естонија.

фото: FIBA

Но пак ќе кажам, не зависи се од нас. Може и Естонија да изненади и да победи со Италија или Русија. И на крајот, математиките да останат само математики“.

Бојан Трајковски ќе го понесе товарот под обрачите, со силните репрезентации на Италија и Русија, како и непријатната селекција на Естонија.

Во Перм, ќе дознаеме дали ќе играме на ЕП 2022.

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top