Иако еден момент не може самостојно да реши еден натпревар, сепак решавачките потези се случуваат во најфрагилните сегменти од дуелите, особено ако тие се со предзнакот дерби.
Питс беше најдобар стрелец на мечот против МЗТ, но откако украде топка на 01’43”, во контра беше изблокиран од Олуџоби, од табла, на 01’38” до крајот при резултат 76:80.
Наместо 6 предност, Работнички во следниот напад прими тројка за 79:80, а останатото е веќе историја. МЗТ Скопје Аеродром се радуваше со 84:82 во првото вечно дерби во АБА 2 лигата.
