ПОЧЕТНА СВЕТ Џордан му ја цицал крвта на Кукоч!

Џордан му ја цицал крвта на Кукоч!

сподели

Во текот на својата проштална сезона во Чикаго Булс, Мајкл имал посебна желба да ги облече своите посебни патики во култната њујоршка арена „Медисон сквер гарден“.

Тоа биле првите „џорданки“ со кои настапувал таму во дебитантската сезона 1984/85. Додека ги облекувал патиките, му дофрлал на Кукоч.

„Тони, ти не си бил ни роден кога сум ги носел овие или си бил бебе. Колку години си имал во 1984 година? 12? Уште си носел пелени“, го закачал Џордан хрватскиот ас.

Кукоч е роден во 1968 година, во 1984 имал 16 години и излегувал од младинската школа на Југопластика со која подоцна беше троен европски шампион. Интересно е тоа што во НБА влезе во 1993 година, а неговиот потпис е објавен истиот ден кога Џордан откри дека се повлекува.

Заедно заиграа дури на 18 март 1995 година кога „Ем Џеј“ се врати од првата пензија. Првите патики на Џордан се ставени на аукција, а почетната цена се движи меѓу 100 и 150 илјади долари.