ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Јане Петровски е како вино

Јане Петровски е како вино

сподели

Поранешниот македонски репрезентативец и еден од најпотценетите домашни кошаркари во лигата е одлучен во својата намера крајот на играчката кариера да го дочека во Кавадарци.

Не го избрка ниту беспарицата, ги издржа најтешките моменти во историјата на Фени, сегашен Еуроникел и продолжува да го води тимот кон нови успеси. Некогашниот шампион ја почна сезоната со две победи, а најзаслужен за втората е токму Јане Петровски.

Напомена: Статистиката е точна, освен во делот на минутажата

Ветеранот, кој во февруари ќе наполни 35 години само потврдува дека е подобар колку е повозрасен. На натпреварот против Пелистер во Кавадарци постигна 27 поени со седум тројки од осум шута, интересно е тоа што немаше ниеден обид за два.

Покрај тоа додаде уште девет асистенции и четири скока за вкупен индекс 37, еден од највисоките на стартот од новата сезона.

Еуроникел има максимален ефект по првите два натпревара и е лидер на табелата, барем до завршувањето на дербито меѓу Работнички и Гостивар.