ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ФОТО) Јакимовски како Џордан!

(ФОТО) Јакимовски како Џордан!

сподели

Фамата што ја предизвика документарниот филм за Мајкл Џордан, „Последниот танц“, ја искористи младинската школа Новипју во која игра македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски.

На социјалните мрежи објави монтажа од петмина кошаркари како пандан од фамозната фотографија на која се наоѓаат кошаркарите на Чикаго Булс, предводени од Џордан и нивниот тренер Фил Џексон.

Ако Булс во 1998 година го имаат „последниот танц“, Јакимовски и компанија, како што најавува Новипју, ќе го има „следниот танц“. Искрено се надеваме дека нашиот кошаркар ќе ги достигне овие височини и дека наскоро ќе можеме да уживаме во него во НБА лигата.