МАКЕДОНИЈА

ИВАНОВ: Возбуден по првиот кош, одиме во нагорна линија!

foto: ABA Liga / Dragana Stjepanovic

Актуелниот македонски шампион, скоро деценија наназад работи најдобро во Македонија, во поглед на професионализмот и на конкурентноста на сите нивоа, што треба да е одлика на секој еден сериозен спортски колектив.

Металците имаат силни состави во секоја генерација, а ако немаат се обидуваат да ги направат. Школата на МЗТ, моментално, е една од најдобрите, а сигурно е најорганизирана меѓу школите на прволигашките екипи кои имаат подмладоци.

Последниот бисер од аеродромската кујна, е Димитар Иванов. Се уште нема забележителна ролја, но сепак, можноста да се игра на елитно ниво во Македонија и во АБА 2 лигата, е искуство кое би требало многу да му помогне во кариерата.

На мечот со Златрибор, кој заврши 71:90 за екипата од „Јане Сандански“, Иванов го постигна неговиот прв кош во АБА 2 лигата.

„Се чувствував возбудено. За мене претстаува успех пред се да бидам дел од сениорскиот тим на МЗТ, потоа секоја минута помината на теренот е добредојдена за мене. Среќен сум што поентирав но најважно е што победивме на тој натпревар.“

АБА 2 лигата се разликува од македонскиот шампионат, екипите во ова регионално натпреварување во моментов се посилни од тимовите во нашата лига. Минутите поминати на паркетот против која било екипа таму, значат многу за искуствто во кариерата.

„Воопшто не е лесно да се игра во регионалното натпреварување особено за играчи како мене кои имаат мало искуство во сениорска конкуренција. Иако во Македонија има одлични екипи, сепак сметам дека АБА 2 лигата е доста конкурентна и се игра кошарка на повисоко ниво.“

foto: ABA Liga / Dragana Stjepanovic

МЗТ Скопје Аеродром игра во променлива форма сезонава, но во последните два натпревара полека се консолидира. Нема веќе време за експерименти, затоа што се ближат завршниците во сите натпреварувања.

„Со оглед на пандемијата со корона вирусот која се уште трае, сметам дека е тешко да се одржи континуирана натпреваруачка форма. Моментално после две врзани победи во АБА 2 лигата, мислам дека формата ќе оди само во нагорна линија.“

Иднината е пред Иванов, но тој останува цврсто со двете стапала на земја, гледајќи пред себе и размислувајќи на реалните нешта.

„Сметам дека сум се уште млад да говорам за моите очекувања. Мое е да тренирам напорно и максимално да ја користам секоја шанса што ќе ми се пружи. Иднината ја гледам со МЗТ, како еден од носителите на играта во тимот.“

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top