Христијан „Кичо“ Ристовски е член на финалистот Kino Vlae 3×3 и победник на натпреварот во шутирање тројки, кој се одржа во рамките на финалниот 3х3 турнир од летната сезона. Оваа екипа игра одлично и се развива се повеќе, а Македонија со тоа добива одличен репрезент на меѓународно ниво.
Турнирот беше одлично организиран, иако малку подоцна од очекуваното. Локацијата го следи концептот на несекојдневни локации за турнири, кои во последните две сезони зема замав на светско ниво и Македонија доби турнир кој ги следи светските трендови.
По долгата сезона која ја одбележавме со значителен број на турнири во странство, сакавме да ја завршиме годината со победа. Но, ситни детали го решија финалето, во кое одличен противник беше екипата на Casa Bar, која триумфира.
Победата во шутирањето тројки почна полека да ми преминува во навика и секоја освоена титула во шутирање ми е исклучително драга, иако на многу различни турнири форматот на шутирање е различен.
Во следниот период имаме неколку испланирани зимски настани и се надеваме на повторно одржување на зимската лига. Во меѓувреме, остануваме активни преку играњето кошарка во зимскиот период, но и планирање на следното лето и припреми за следната 3×3 сезона.
НАПОМЕНА: Фотографиите се сопственост на 3×3 Macedonia и не смее да се користат без нивна дозвола.
ФОТО: Александар Ристовски
