МАКЕДОНИЈА

МИТЕВСКИ: Иако сме млада екипа, одигравме цврст меч!

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смеe да се користат без дозвола на медиумот (архива, фото: Александар Ристовски).

Организаторот на играта на МЗТ 2, капитенот кој на теренот диригира осамено во отсуство на Савичевиќ, одигра уште една солидна партија, но не ги штедеше пофалбите и за неговите соиграчи кои извојуваа тежок триумф кај Академија ФМП (82:84).

„Ова беше цврст натпревар, со многу грешки на двете страни. Немаше некоја полетна игра, но ние издржавме пред се психички против далеку посилен противник. Ние, како екипа, сме многу помлади, но сепак покажавме карактер.

Што се однесува до индивидуалните впечатоци, не би издвоил никого. Ние играме тимски, а моја задача е да ги разигрувам другите. Се зависи од играта, како се одвива, а ние одигравме колективно и затоа на крајот се радувавме.

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смеe да се користат без дозвола на медиумот (архива, фото: Никола Спасеноски).

Со нас, никогаш не се знае на кого ќе му биде денот. Ме радува што одигравме цврста одбрана на Херис (19 поени, индекс 29), кој иако беше најдобриот кај противникот, мислам дека успеавме да го задржиме во клучните моменти.“

Митевски имаше одлични 10 поени за 25 минути на паркетот, а радуваат 18-те поени на Максим Митевски и учинокот на Марко Величковски, кој се врати со 9 поени и солидна статистика, по пауза од два натпревара.

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top