МАКЕДОНИЈА

Иако МЗТ бил спремен да го задржи, со Кочов замина целиот негов стручен штаб

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смеe да се користат без дозвола на медиумот (фото: Архива).

Актуелниот македонски кошаркарски шампион, објави соопштение со кое ја појаснува ситуацијата околу промените во тренерската структура, во клубот од Аеродром:

По прекинот на соработката со Ѓорѓи Кочов, управата на МЗТ Скопје Аеродром немаше никакви дилеми околу останатиот дел од стручен штаб и неговото продолжување со работа како и досега, уште повеќе што тие беа дел од клубот уште пред неговото ангажирање за прв стратег.

Но, Никола Велев, Тино Даневски и Петар Баснарков, кои работеа како негови помошници, сами побараа да им бидат раскинати договорите со екипата, на што, без никаков проблем, во име на досегашната соработка, им беше излезено во пресрет.

МЗТ Скопје Аеродром на тројцата им се заблагодарува на трудот што го вложија досега за бенефит на клубот и им посакува сѐ најдобро во продолжение од кариерите.

Засега, на клупата на МЗТ Скопје Аеродром останува само Дарко Радуловиќ, кој му беше асистент на Кочов, но доби доверба да биде привремено решение.

Оваа соработка многу лесно може да прерасне и во трајна, со оглед на убедливиот старт и победата против Гостивар (93:76) во 18-то коло од нашата Прва лига.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top