ПОЧЕТНА ЕВРОПА И Турција го заврши првенството!

И Турција го заврши првенството!

сподели
aa.com.tr

Пандемијата со корона вирусот придонесе уште една силна европска лига да стави крај на кошаркарската сезона и притоа да не прогласи шампион.

Претседателот на турската федерација Хидајет Туркоглу потврди дека првенството ќе се смета како воопшто да не се игра и освен тоа што нема да има првак, нема да има ни испаѓање. Во моментот на прекин, по одиграни 23 кола, лидер беше Анадолу Ефес со биланс 21-2 пред Пинар Каршијака со 20-3 и Фенербахче со 18-5.

Од посилните лиги во Европа, пред Турците своите првенства ги прекинаа уште Италија и ВТБ, но овие три натпреварувања имаат загарантирани места во Евролигата.