ПОЧЕТНА ЕВРОПА И Романија како Македонија!

И Романија како Македонија!

сподели

Кошаркарската федерација на Романија донесе одлука за прекин на првенството без да прогласи шампион.

Со тоа, оваа земја влезе во редот на неколку држави во Европа (Италија, Франција, Турција, Црна Гора…) кои на идентичен начин ја завршија сезоната, погодена од пандемијата со корона вирусот. Меѓу нив е и Македонија, односно КФСМ која минатата недела означи крај на шампионатот.

Ситуацијата во Романија беше нешто поразлична од онаа во нашата земја. Првото место го делеа две екипи: Клуж и Орадеа со по 33 бода. Последното коло пред прекинот се сретнаа токму овие ривали, Клуж славеше на домашен терен со 89:88, благодарение на кошот постигнат во последниот напад. На 12 секунди пред крајот гостите имаа водство од 85:88. Да не беше спектакуларниот пресврт на Клуж, односот ќе беше идентичен како во нашето првенство: два бода предност за лидерот во однос на второпласираниот тим.

До прекинот дојде на шест кола пред крајот на втората фаза од првенството по што требаше да почне и плеј-офот.