ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА (ФОТО) И Дончиќ восхитен од Љуљ: Колкави му*а има…

(ФОТО) И Дончиќ восхитен од Љуљ: Колкави му*а има…

сподели

Поранешниот кошаркар на Реал Мадрид не игра на Светското првенство, но очигледно е дека навива за шпанската репрезентација што и не е чудо ако се знае дека во оваа земја помина добар дел од својот живот.

Остана максимално импресиониран од играта на својот некогашен соиграч Серхио Љуљ кој ја постигна можеби клучната тројка на натпреварот со Австралија, во второто продолжение. Плејмејкерот на Реал заврши со 17 поени и шест асистенции со неколку клучни кошеви на истекот на времето за напад.

„Ако некој ми каже дека постои подобар кошаркар од Серхио во Европа… Неверојатно е колкави му*а има“, напиша Дончиќ на еден од твитовите посветени на шпанската репрезентација.

„Фуријата“ во финалето ќе игра со Аргентина и ќе се бори за својата втора светска титула по онаа во 2006 година. По полуфиналето со Австралија и Никола Миротиќ ја изрази својата восхитеност од Љуљ.