ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА И ДЕЈВИД СТЕРН ЈА ОСУДУВА: ФИБА направи огромна грешка!!!

И ДЕЈВИД СТЕРН ЈА ОСУДУВА: ФИБА направи огромна грешка!!!

сподели
nba.com

Борбата меѓу кошаркарскит етела низ светот е постојана и непресушна, секогаш едните имаат мотиви и аргументи против другите, но никогаш и никако завојуваните страни да седнат и да се договорат, како да се работи за повеќе планети, а не за закопување на еготрипот.

Последниот во низата критикувачи на ФИБА, е некогашниот комесар на НБА лигата, кој беше во остра војна со Светската кошаркарска организација и немаше разбирање за интернационалците кои сакаа, а не можеа да играат за своите репрезентации.

„ФИБА направи грешка што го помести календарот за светските првенства. Сега играчите се во ситуација да бираат дали ќе играат на СП или ЛОИ, затоа што по едното натпреварување (СП 2019) им следува долга НБА сезона, а потоа доаѓа другото натпреварување (ЛОИ 2020) и нема време за одмор.“