Ненад Димитријевиќ имаше одличен меч со 14 поени, 7 асистенции и 2 скока, во триумфот на составот од Бадалона кај Валенсија со 89:102, што беше директна битка за што подобар пласман на првите 8 позиции кои водат во разигрувањето за титулата.
Тимот на македонскиот репрезентативен плејмејкер сега има скор 16/11 на седмата, додека екипата на Валенсија, со четвртиот пораз во низа има 17/11 на шестата позиција на АЦБ табелата, по 28 некомплетно одиграни кола во шпанското првенство.
