ПОЧЕТНА ЕВРОПА Хувентуд го скрши малерот

Хувентуд го скрши малерот

сподели
фото: Club Joventut Badalona

По драматичната победа во Еврокупот со тројката на Препелиќ преку цел терен, каталонскиот тим на сличен начин триумфираше и во шпанското првенство, првпат оваа сезона.

Хувентуд на домашен терен го совлада Естудијантес, предводен од поранешниот македонски селектор Александар Ѓикиќ, со 78:76 иако во последната четвртина имаше и 10 поени предност, но и беше во негатива речиси три четвртини. Тоа е прва победа за екипата од Бадалона, дури во петтото коло од првенството.

Ненад Димитријевиќ одигра 15 минути, за тој период постигна пет поени (1/3 за два, 1/2 за три), плус два скока и една асистенција.