ПОЧЕТНА ЕВРОПА (ВИДЕО) Хрватите не се симнаа од пиедесталот поради Србите, туку…

(ВИДЕО) Хрватите не се симнаа од пиедесталот поради Србите, туку…

сподели
Print-screen Podcast Inkubator

Вечната дилема дали требаше или не, да го напуштат моментот на доделувањето на среброто што го освои Литванија и златото што го освои Југославија, на ЕП во Атина 1995-та година, се уште е жешка тема во Хрватска.

Многу често, кошаркарскиот свет го ословува тој потег како проклетство што ги следи хрватските кошаркари, кои по таа бронза немаат освоено одличје на големите натпреварувања.

За ова зборуваше хрватскиот кошаркар Фрањо Араповиќ, со потекло од Херцеговина, кој не беше во тој состав на коцкестите:

„Не бев таму, но разговорарав со играчите што беа, кои велат дека потегот бил протест насочен кон судиите кои не искрадоа во полуфиналето против Литванија.

Дека тоа беше вистина, зборува фактот што немаше никакви санкции за овој наш потег, а да имаше, ќе следеа прегледи и анализи на видео-снимките и се ќе излезеше во јавност.

Секако, тоа беше неспортски потег, но и судењето во полуфиналето беше неспортско.“ – рече Араповиќ.

Литванија ја совлада Хрватска со 90:80, Југославија ја победи Грција со 62:50, за потоа Југословените (Срби и Црногорци) да победат во финалето со 96:90.

Куриозитетно, Литванците во еден момент не сакаа да ја вратат екипата на терен, протестирајќи на судењето во финалето, но мечот сепак се доигра.