ПОЧЕТНА НБА ХАРДЕН: Подготвувам нов потег што ќе ги излудува судиите и противниците

ХАРДЕН: Подготвувам нов потег што ќе ги излудува судиите и противниците

сподели
Sports Illustrated

На еден промотивен евент со млади вљубеници во кошарката од Хјустон, првата ѕвезда на франшизата Рокетс одговараше на нивните прашања, а најмногу внимание привлекуваа оние што беа со тема степ-бек-или-сајд-со-чекори:

„Секоја сезона, се обидувам да внесам нешто ново во мојата игра. Сите мои потези се регуларни и јас не правам чекори, иако тоа така можеби изгледа. Подготвувам нов потег и за следната сезона, што ќе биде исто така иновативен.

Кошарката се развива многу брзо, а истовремено снемува тајни, што значи ние играчите мора да бараме начин да бидеме поразлични од другите, ако сакаме да успееме и да победуваме.“ – беа зборовите на Џејмс Харден.