ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Грците очајно сакаат на ЛОИ и роварат од сите страни

Грците очајно сакаат на ЛОИ и роварат од сите страни

сподели
FIBA

Јужниот сосед се обидува со сите сили и оружја, да добие организација на еден од квалификациските турнири за следните Летни Олимписки Игри во Токио 2020-та година, кои се виза за последните 4 слободни места.

Не само што имаат желба, туку претставниците на грчката федерација веќе искалкулирале буџет за организација, а наскоро ќе отпочнат и преговорите со државниот врв на Грција, за финансирање на овој престижен настан.

„И покрај финансиската криза во нашата земја последниве години, ние како организација сме докажале дека можеме да се справиме со еден ваков голем предизвик. Тоа би бил огромен бенефит за нашата земја.“ – истакна за медиумот ТА НЕА, претседателот на грчката федерација, Јоргос Василакопулос.