Гостивар забележа победа на гостувањето кај Црн Дрим, со 72:83. Домаќинот добро го отвори мечот, но не можеше да го издржи темпото што го наметнаа играчите на тренерот Марјан Србиноски.
Најефикасен кај гостите беше Џелоун Фрајдеј со 24 поени и 11 скока, со индекс 35. Кај домаќините, бразилецот Жоао Марсело имаше 22 поена и 16 скока, со идентичен индекс на корисност, 35.
