Екипата што претендира за висок пласман и сезонава, одигра тесен дуел кај тим што се бори за опстанок во елитата во Македонија. Гостивар го совлада Вардар со 105:106 (24:29, 30:21, 22:27, 26:29), за 10-та победа во 18 одиграни прволигашки натпревари.
Во мечот со „слободна поентерска зона“, најдобар стрелец беше Провел од Вардар со 27 поени на кои додаде и 6 асистенции. Неговата екипа го забележа 13-от пораз на 17 меча. Тодоровиќ од Гостивар постигна поен помалку, со 8 скока и со 4 додавања.
