Одличната втора четвртина им донесе битен триумф на гостиварци, со 65:51 против актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром. Одлична партија пружи Вокер кој реализира 17 поени, а го следеа Димчевски со 11, Јанески со 10, односно Костоски, Димитриевски и Тодоровиќ со по 7 поени.
Кај скопскиот тим, Бојан Крстевски имаше 13 поени и беше најдобриот поединец во гостинските редови. Гостивар сега има скор 11/9 на третата позиција на табелата, а штрковите кои доцнат поради АБА 2 обврските, имаат учинок од 8 победи и 5 порази, на претпоследната 11-та позиција.
