ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гостивар се загреа со +18

Гостивар се загреа со +18

сподели

Полуфиналистот во македонското првенство од минатата сезона ја минува последната фаза од подготовките за домашното првенство.

Во Гостивар дојде еден од најдобрите косовски тимови Голден Игл, но не успеа да го загрози нашиот тим. Момците на Марјан Србиновски славеа со 88:70, не оставајќи му надеж на ривалот дека може со победа да си замине од најкошаркарскиот град во земјава.

До почетокот на новата сезона во македонското првенство остануваат уште нешто помалку од три недели, а Гостивар во првото коло гостува во Кавадарци, кај Еуроникел.