ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гостивар и Кожув ќе бидат хумани

Гостивар и Кожув ќе бидат хумани

сподели

В сабота (05.10.2019) од 17 часот во спортската сала „Младост“ ќе се одигра пријателски натпревар меѓу екипите на Гостивар и Кожув.

Тоа не е дуел од Првата лига која требаше да почне претстојниот викент, туку хуманитален натпревар кој ќе има за цел цел да им се помогне на загрозените семејства од Гостивар. Иницијативата за овој меч ја покрена раководството на гостиварскиот клуб.

„Ова најверојатно ќе биде последен контролен натпревар пред почетокот на сезоната. Ни гостува силна екипа која претендира пласман во горниот дел од табелата, со самото тоа не очекува атрактивен натпревар за следење.

Сите собрани средства од купените влезници за натпреварот, ќе ги донираме на нашите сограѓани на кои им се најмногу потребни“, објавија од гостиварскиот прволигаш.

Влезниците за натпреварот ќе чинат 50 денари. Кошаркарскиот клуб Гостивар апелира до сите хумани луѓе и љубители на кошарката, да присуствуваат на генералната проба пред почетокот на првенството, со што ќе дадат и свој придонес во помошта на социјално загрозените семејства од Гостивар.

Во исто време тоа ќе биде и официјална промоција на тимот за новата сезона имајќи предвид дека во меѓувреме Гостивар се засили со плејмејкерот Марјан Младеновиќ.