Пау Гасол ќе ја предводи селекцијата на Шпанија, на претстојните Летни Олимписки Игри. Тој е еден од спортистите, на кои одложувањето на ЛОИ поради пандемијата, му помогна да настапи за својата репрезентација, затоа што минатото лето беше повреден.
Настапот во Токио ќе биде петти на ЛОИ во кариерата на 40-годишниот центар, кој беше европски и светски шампион со Шпанија, играше две олимписки финалиња против САД, беше првак со Лејкерс и играше финале на Евролига ФФ со екипата на Барселона.
