ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Го најде ли Пелистер својот нов лидер?

Го најде ли Пелистер својот нов лидер?

сподели

Веќе искусниот македонски репрезентативец Адем Мекиќ слета во Битола непосредно пред почетокот на новата сезона, но на првиот меч покажа дека тоа нема да му биде хендикеп.

Во познатата сала, каде играше минатата сезона постигна 23 поени, а Пелистер за малку не дојде до победата. Не се само кошевите, 23-годишниот кошаркар имаше и 7 скока, 3 асистенции и 10 изнудени лични грешки.

Пелистер оваа сезона го има и добро познатиот Антон Казарновски, донесе уште неколку звучни засилувања и треба да се бори за место во Суперлигата. Многу нешта ќе зависат од Мекиќ, ако тој одигра на своето ниво, и кошарката, освен ракометот, ќе биде многу интересна во Битола.