ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гевгелија ќе го има првото дерби во сезоната!

Гевгелија ќе го има првото дерби во сезоната!

сподели

Македонската кошаркарска федерација ја одржа ждрепката за новата сезона која ќе почне во првиот викенд од октомври.

Шампионот МЗТ Скопје ќе го пречека Куманово, Работнички оди кај дебитантот во лигата Академија ФМП, а првото големо дерби ќе се игра во Гевгелија.

Кожув на домашен терен ќе го пречека АВ Охрид, тоа ќе биде дуел на две амбициозни екипи за новата сезона и средба на многу познати ликови бидејќи голем број од сегашните играчи на охридскиот прволигаш минатата сезона го носеа дресот на Блокотехна.

ПРВО КОЛО:
Академија ФМП - Работнички
Еуроникел - Гостивар
Кожув - АВ Охрид
Вардар - Пелистер
МЗТ Скопје - Куманово
МЗТ 2 слободен