ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гечевски во Ол-стар тимот на Задар, Мекејлеб на Партизан!

Гечевски во Ол-стар тимот на Задар, Мекејлеб на Партизан!

сподели

Двајца членови на легендарната генерација на македонската репрезентација од 2011 година се најдоа во идеалните петорки на регионални гиганти во изборот на фановите на сајтот на АБА лигата.

Тодор Гечевски одбележа една ера во еден од најхаризматичните хрватски кошаркарски клубови – Задар. Дресот на овој клуб го носеше пет години и со него освои две титули во домашното првенство и три во Купот.

За неговиот квалитет зборуваат бројните клупски и лигашки рекорди чиј носител е и ден-денеска, 11 години откако си замина од Задар. На пример, го има највисокиот вкупен индекс во АБА (3.212) и оствари најмногу скокови во историјата на лигата (1.314), а до неодамна беше најдобар стрелец на Задар во регионалното натпреварување.

Лестер Бо МекКејлеб беше член на Партизан само една сезона (2009/10), но и тоа беше доволно да го демонстрира својот квалитет кој потоа го потврди и играјќи за македонската репрезентација. Таа сезона „црно-белите“ триумфираа во домашното првенство, Купот на Србија и АБА лигата, а стигнаа и до завршниот турнир од Евролигата што се одржа во Париз.