ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Гасол има шанса да повтори еден раритетен рекорд на еден развратник

Гасол има шанса да повтори еден раритетен рекорд на еден развратник

сподели
FIBA

Играчот на Торонто Репторс кој ја освои титулата минатата сезона во НБА лигата, има прилика со својата репрезентација да стигне до златото на СП во истата година, што му пошло од рака само на еден играч во историјата на кошарката.

Судбината сакаше тоа да биде Ламар Одом, кој 2010-та триумфира во овие две натпреварувања во дресовите на тимот ЛА Лејкерс и на репрезентацијата на САД.

NBA

Одом последниве години има страшни проблеми со дрога и други скандали, со што го упропасти имиџот на еден од подобрите играчи во поновата историја во НБА лигата.

Шпанците и Марк Гасол играат во полуфиналето против Австралијците, а во другото полуфинално соочување се среќаваат Аргентина и Франција.