ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Фрчат закани кај Американците: Ќе запамтиме со кого тргнавме во војна!

Фрчат закани кај Американците: Ќе запамтиме со кого тргнавме во војна!

сподели
FIBA

Најлошиот пласман на селекцијата на САД во историјата на Светските првенства не остави рамнодушен никого во земјата-лулка на кошарката.

Особено тоа важи за водството на Федерацијата. Точно е дека Американците беа отпишани од борбата за титулата уште кога се дозна кој ќе игра, но веројатно никој не очекуваше да се бори за седмата позиција.

По двата пораза за помалку од 24 часа, се огласи и директорот на американската репрезентација Џери Коланџело, мошне лут.

„Сигурно ќе запамтиме на кого можевме да сметаме кога тргнавме во војна, а кој не се појави. Можеш да играш само со картите кои ти се поделени“, изјави Коланџело.

Меѓу другото, тој најави дека со нетрпение очекува да разговара со секој кошаркар посебно за да види кој има желба да игра за репрезентацијата на Олимписките игри во Токио идното лето. Ќе му треба многу време за тоа…