ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Додека седите дома, уживајте во ретро кошарка: Финска-Македонија (2004)

(ВИДЕО) Додека седите дома, уживајте во ретро кошарка: Финска-Македонија (2004)

сподели
Успехот на Евробаскетот 2011 почна да се гради седум години претходно, под водство на Јорданчо Давитков

Ситуацијата со корона вирусот не принуди да останеме во своите домови, во очекување да се среди состојбата.

Времето не мора напразно да се троши, може да се искористи и за учење кошарка или гледање на некои натпревари од веќе подалечното минато. Поточно, од времето кога во Македонија беа полни салите на кошаркарските натпревари, без разлика дали станува за дуели од домашното првенство или европските купови.

Ова е мечот меѓу Финска и Македонија одигран во септември 2004 година, во рамките на Б-дивизијата во која се натпреварувавме тогаш. Дуелот се играше во Еспо, селектор на нашата репрезентација тогаш беше Јорданчо Давитков, а негов прв помошник – актуелниот предводник на националниот тим Александар Тодоров.

Во групата од Б-дивизијата, освен Финска, противници ни беа уште Грузија и Луксембург. Македонија го освои првото место со биланс од пет победи и еден пораз, a потоа во баражот ја прегази Австрија и се врати во елитната конкуренција, односно во квалификациите за Европското првенство во 2007 година.

Во тие квалификации немавме среќа. Во групата игравме со Португалија, Израел и БиХ и поради поразот во Сараево во последното коло не се квалификувавме директно на Евробаскетот. Во дополнителните квалификации во Менорка, бевме први во својата група, но во финалниот меч (не беше класично финале, но победникот одеше на ЕП), загубивме од Израел со 82:77.